• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

СВР Тетово ќе почне два нови превентивно-едукативни проекти

15/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека се подготвени два нови превентивно-едукативни проекти„Превенција од злоупотрба на наркотични дроги, алкохол и цигари“ и „Превенција од трговија со деца“.  Спроведувањето на проектите чиј носител е Отсекот за превенција ќе започне на почетокот на наредната недела.

Марјан Јосифоски 15621-Со двата проекти ќе бидат опфатени над 3000 деветтоооделенци од тетовско-гостиварското подрачје, кои следат настава на македонски, албански и турски јазик. Учениците од деветто одделение на посебни часови поблиску ќе бидат запознати од стручно обучените полициски службеници за негативните, односно штетните здравствени, психолошки и социјални последици од користење на наркотични дроги, алкохол и цигари, како и со законски предвидените санкции  и други оштествено девијатни појави кои обично произлегуваат од овие пороци или болести на зависност Покрај тоа, на учениците ќе им биде објаснето – како да ја препознаат трговијата со луѓе и да се заштитат да не бидат вовлечени во неа, односно како најбрзо и најбезболно да ги превенираат евентуалните такви ситуации,информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Проектите се планира да траат до последната седмица на април и се очекува да придонесат за поголема информираност и превентивна свест кај оваа категорија млади, кои неретко им подлегнуваат на овој вид искушенија, најчесто од љубопитност, лажно помодарство и други психо-социјални слабости

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Излезе од печат книгата „Од мој агол" од авторот Симеон Златев – Моне

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!