На подрачјето на СВР Тетово вчера од 9 до 18 часот, спроведена e сообраќајна акциска контрола за престигнување, во која вкупно биле откриени и санкционирани 33 прекршоци. Најголемиот број од прекршоците – 11 се однесувале на престигнување на непрегледни места.
Покрај ова, во акцијата биле констатирани и 25 други видови сообраќајни прекршоци најмногу управување без возачка дозвола -10,истечена регистрација-3 и така натаму. На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.