Кандидатот за градоначалник Хамдија Елезовиќ и носителот на листата со кандидати за советници Илија Димитриевски од редовите на СДСМ денес се сретнаа со претставници од областа на културата.
-Средба со културните и естрадните работници, разговараме за проблемите, за зачувување и поддршката за традиционалните фестивали, просторниот проблем за творење и развивање на уметноста. Со победата на Хамдија за градоначалник даваме ветување за добра корелација помеѓу здруженијата, локалната власт и централната власт со цел решавање на проблемите, информираат од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“.