Тетовскиот центар за јавно здравје бележи 7 нови случаи со коронавирус во изминатото деноноќие откако вчера немаше ниту еден нов заболен.
-Од седумте нови случаи 5 се во рамки на општина Тетово и по еден човек заболен од населените села во општините Јегуновце и Брвеница, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.
Според податоците на Институтот за јавно здравје во тетовскиот регион има 5 оздравени од Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирана достигна 1064 додека активно болни се 222 луѓе.
А.С