Започна асфалтирање на улицата „Ѓоце Стојчевски“ како финална фаза од комплетната реконструкција, што според најавите на градоначалничката Теута Арифи ќе значи дека може да започне и долгоочекуваната обнова на улицата „Гоце Делчев“. Работата на двете улици се дел од исто финансирање, преку Министерството за транспорт и врски и Светската банка.
-Овде инвестицијата е заедничка седум милиони денари се инвестиции на Светска Банка, додека пет милиони денари се на Општина Тетово. Од наша страна е направено нова атмосферска канализација. Испадна дека треба комплетно да се реконструира или да фекална канализација која е направена, зеленилото уште се работи, исто така тротоарите и осветлувањето, додека делот со асфалтирањето, подземното поставување на асфалт се со програма на Светска банка. За нас ова е многу важна улица со која завршуваме крак на поврзување со централниот булевар, рече Теута Арифи.
Според градоначалничката овие два дена ќе се заврши асфалтирањето, по што ќе се продолжи со работа на улица „Гоце Делчев“.
-Откако овде ќе се заврши, сме при крај со работите со утрешниот ден, тогаш во текот на викендот и почетокот на идната недела ќе се вршат припремните работи за да се започне да се работи во улицата „Гоце Делчев“. И таму ќе се работи на сите нивоа. Ние како општина презедовме обврска целата подземна инфраструктура да ја работиме што фали, да се прави нова и на крајот како на истиот систем да се асфалтира, истакна Теута Арифи.
Улицата „Гоце Делчев“ е една од најдолгите и најоштетени делници во градот, чија реконструкција се очекува во градот со години наназад.
А.С