• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Се доградуваат улицата за влез во ургентен центар и коритото на река Пена позади клиничка болница во Тетово

Општина Тетово започна со градежни работи со кои најавува дека ќе биде довршена улицата позади ургентниот центар како и потпорни ѕидови на реката Пена со цел да се создаде корито во делот позади клиничка болница.  Прво ќе се работи на коритото со што ќе се уреди просторот за да може улицата позади клиничка болница да се продолжи до задниот дел на ургентниот центар.

06/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово започна со градежни работи со кои најавува дека ќе биде довршена улицата позади ургентниот центар како и потпорни ѕидови на реката Пена со цел да се создаде корито во делот позади клиничка болница.  Прво ќе се работи на коритото со што ќе се уреди просторот за да може улицата позади клиничка болница да се продолжи до задниот дел на ургентниот центар.

-Се гради потпорен ѕид во делот до клиничка болница 500 метри од една страна  и 500 метри до другата страна на реката. Покрај комплетно регулирање на потпорните ѕидови адаптирање и естетизирање нивно, ќе има осветлување и тротоари. Тендецијата е да се заврши работата со потпорните ѕидови, да се доврши патот до овој влез на ургетниот центар. Овој влез да ја има функцијата што треба да го има ургентен центар за ургентни слуаеви и додека со тротоарот би се добиле уште едно пријатно шеталиште порај реката, изјави градоначалничката Теута Арифи.

За изведување на овие градежни работи општината има одвоено 20 милиони денари.

-Ние има голем проект за уредување на коритото низ целото течение на реката Пена. За овој дел сметаме дека е приоритет и затоа одиме со општински средства. Ако добиеме средства од други фондови ќе продолжиме со доградба, рече Арифи.

Добивањето нов влез за возила до болницата е значаен сегмент за вработени но и за граѓаните, рече директорот на клиничка болница Флорим Бесими.

-Ќе има полесен пристап до објектите тука, каде се сместените повеќе институции, не само клиничка болница туку и здравствен дом, Центар за јавно здравје, со вакво регулирање ќе биде полесно движењето, изјави директорот.

Според градоначалничката сите зафати ќе бидат завршени до крај на градежната сеозна.

Тагови: болницакориторека пена

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

Шест лица во Тетовско ноќеска се приведени поради дрога

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!