Жени од Тетово, членки на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ учествуваат со доброволна работа во хуманитарна акција за изработка на капи, маски и каљачи за здравствените работници. Група од десетина жени кои имаат вештини за изработка на вакви производи во изминатите денови изработиле стотици капи, маски и каљачи.
-Имаме изработено над 100 маски, над 100 каљачи и 150 маски но бројката се зголемува постојано. Истите ќе се донираат за здравствените работници во Здравствен дом Тетово и за приватни здравствени ординации. Хуманоста и солидарноста пред се, и Тетово вклучено во изработка на капи, каљачи, визири и маски, за оние на кои им се најпотребни во битката со оваа пандемија, продолжуваме и понатаму, информираат од Унијата на жени при ВМРО ДПМНЕ Тетово.
Изработката на заштитната медицинска опрема е акција која се спроведува низ цела Македонија на доброволна основа. Истите се подаруваат во сите здравствени институции.