• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Се конституираше регионалното претријатие„Русино-Полог“

Се смета за почеток на деблокирање на процесот на депонирање на сметот во депонијата Русино

31/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Прва конститутивна седница одржа управниот одбор на регионалното јавно петријатие „Русино-Полог“ денес во Тетово. На дневен ред беше усвојување на статутот и назначување на в.д директор.

Според претставниците на Центарот за развој на полошкиот плански регион, кои го координараат  проектот Управување со цврст отпад во Полошкиот плански регион Фаза 1, ова е начин на деблокирање на процесот на депонирање на сметот во депонијата Русино.

-Центарот во наредните две недели ќе започне со изградба на системот за отстранување на отпадните води од самата депонија, со изградба на рампа преку која претријатието ќе го дозволи односно оневозможи пристапот на претријатијата што не ги исполнуваат обврските кон регионалното претријатие и едно пристапно патче што води од патот Долна Бањица-Русино до депонијата, изјави Фатмир Саити, директор на Центарот за развој на полошкиот плански регион.

В.д директорот кој е назначен во 2018 со одлука на советот на градоначалници на полошки плански регион Бесим Догани останува на функцијата како ополномоштен да ги води работите за регистрација за отворање сметка и другите технички-оперативни и административни на претпријатието. За шест месеци ќе има јавен оглас согласно закон за јавни претријатија за избор на директор.

-Паралелно на ова работиме и за изнаоѓање на нова локација за таа намена тоа е процес.Не може да се затвори или отвори депонија преку ноќ. Треба да се направат студии на тлото, на почвата на подземните води, подетално. Постојат индикативни локации кои може да се искористат. Меѓутоа за самите тие локации треба да се детално да се испита почвата за да може да се каже дека може да се користи. Тоа е надлежност на министерството за животна средина, изјави Фатмир Саити.

За некоклу недели ќе имаме уште една седница да усвојување на систематизацијата во јавното претријатие. Името „Русино-Полог“ наскоро ќе се смени.

-Станува збор за претријатие на целиот регион кое не е врзано само со депонијата Русино која евентуално ќе биде преместена на некоја нова локација во следните пет години во текот на нејзиното експлоатирање, потенцира Саити.

До конститутивната седница доаѓа откако сите девет полошки општини донесоа одлукитево рамките на Советите за основање на вакво претријатие и назначување на членови во упрвниот одбор.

А.С

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Нова опрема за тетовската пожарна од Дирекцијата за заштита и спасување

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.