• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

Се намалуваат барањата на граѓаните за прегледи во болницата во Тетово, сепак се повеќе дијагностицирани

07/12/2020
во Вести
Инфективно одделение
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По најновиот состанок на кризниот штаб на Општина Тетово денес справувањето со пандемијата се оценува како стабилно. Градоначалничката Теута Арифи вели дека се намалил бројот на заболени од наставниот кадар.

-Ситуацијата е стабилна, иако во текот на изминатите 7 дена во Тетово и околните општини имаме двојно повеќе нови случаи на болни од Ковид-19 во споредба со бројот на излекувани лица. Во градинките, основните и средните училишта имаме намалување на бројот на случаи на болни од Ковид-19 така во градинките „Младост“ во Тетово имаме 1 позитивен воспитувач и 1 група деца во изолација.  Има 11 позитивни наставници во основните училишта и 3 одделенски групи во изолација.  Во средните училишта имаме 12 позитивни наставници, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Има вкупно 40 пациенти на кислородна поддршка во Клиничката болница во Тетово.

-Амбулантските прегледи во Ковид центарот и инфективно одделение се преполовени. Хоспитализираните пациенти, што се подолго време тука, се подобро. Се надеваме на подобра ситуација, изјави д-р Гзим Нуредени, координатор на Ковид центарот.

Според статистиката на Кризниот штаб вкупниот број на лица од почетокот на пандемијата до денес е 4104.

-Од оваа бројка досега се опоравиле 2759 лица, а 157 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5 околни општини е 1188. Во текот на минатата недела, полицијата за неносење заштитни маски, издала налози за 375 лица. Државниот санитарен и здравствен инспекторат здаде 718 нови решенија за задолжителна изолација, додека беа кинтролирани 1156 лица со такви решенија, рече Арифи.

Според евиденцијата на Министерството за здравство неделата што измина во споредба со претходната (23.11-29.11) во тетовскиот регион се бележат повеќе нови случаи со коронавирус, но помалку смртни исходи. Изминатите седум дена имало 293 новозаболени со Ковид-19, за разлика од претходната недела кога имаше 285.  Од понеделник до недела се евидентирани 6 смртни случаи за разлика од мината недела кога имаше 11.

 

Поврзани објави

Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Вести

Тимчо Муцунски: Поддршка за Ангел Карапетров, време е тетовчани конечно да добијат проекти и промени какви што заслужуваат 

17/08/2022
Следна објава

Одбележување на патрониот празник на црквата Света Екатерина во Стенче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.