• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Се намалува бројот на ново заболени од Ковид-19 во тетовско

21/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Како што изминува декември се бележат и намалувања во бројките на заболени од Ковид-19 како и болничко лекување во Тетово. Во текот на изминатите три недели се бележи опаѓање за триесет отсто на новите случаи на заболени од Ковид-19 на подрачјето на тетовскиот регион. Неделава што измина од 14 декември до 20 декември се бележат 206 новозаболени додека изминатите две недели  претходно имало 286 (7 до 13 декември) и 293(30 ноември-6 декември).

За денес се евидентирани 7 нови заболени, а 34 оздравени.

До утринава вкупно има 39 пациенти кои се на болничко лекување во тетовската клиничка болница и Ковид центарот.  Најмногу досега имало 51 лице на болничко лекување.

-За нијанса е подобра состојбата изминатата недела. Викендов нема смртни случаи. Кај хоспитализираните пациенти бележиме опоравување, но  има и такви кои се соочуваат со секундарни последици од Ковид-19 како  што се проблеми со бели дробови, невролошки потешкотии, засилена  коагулација и слично, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот.

Неделата што измина се бележат вкупно 9 смртни случаи на лица од 50 до 81 година. Денес нема нов случај на починато лице.

Кризниот штаб при општина Тетово по денешниот состанок сублимира дека се бележи значителна стабилизација во тетовскиот регион во справување со Ковид-19.

– Во споредба со изминатите 4 недели, епидемиолошката состојба бележи значителна стабилизација во однос на здравствениот третман на граѓаните кои во помал број бараат третман и здравствена заштита во Клиничкиот центар во Тетово. Министерството за здравство не информира дека ќе обезбеди средстава за финансиска поддршка за целиот медицински персонал во Клиничкиот центар во Тетово, кој неуморно и посветено досега даваа се од себе во битката против Ковид-19, изјави Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Во детските градинки има 5 активни случаи и две групи во изолација. Во основните училишта има 8 позитивни наставници и 3 паралелки во изолација, а во средните училишта 8 позитивни професори.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Отворен Инфо и Промо центар за туристички развој на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.