• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Се намалува цената на бензинот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 7,76 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 21.04.2020 година.

27/04/2020
во Инфо компас
бензин горива нафта
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 7,76 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 21.04.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари за литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за 4,00 денари за литар и ќе изнесува 42,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство(ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 30,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,178 ден/кг и ќе изнесува 16,945 ден/кг.

Од 28.04.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                           49,50 (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             52,00 (денари/литар)

Дизел гориво                            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                     42,50 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        30,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                             16,945 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување кај бензинот во просек за околу 24,55%, кај дизелот има намалување во просек за околу 31,90%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 31,47% и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 20,24 %.

Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е зголемен за 0,665%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.04.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Почнаа подготовки за претставата „Бог на масакрот“ прва премиера на Тетовски Театар за 2023 година

21/03/2023
Следна објава

58 годишна жена од Желино почина како заболена со коронавирус

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.