• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Се одбележаа 250 години од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ

02/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со свечена академија и музичко-културна програма вчера во Тетово се одбележаа 250 години од раѓањето на просветителот, народниот учител и игумен Лешочки, Кирил Пејчиновиќ – Тетоец.   Настанот го организираше Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи, пред платото од новата управна зграда на Музејот на тетовски крај, објектот познат како поранешен Дом на Армијата.

Слово за ликот и делото на просветителот Кирил Пејчиновиќ одржа поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан.

-Си спомнуваме за 250 годишнината од раѓањето на нашиот голем духовник за тоа време и околности, плоден книжевен деец, писател, народен просветител и богослужител игуменот Кирил Пејчиновиќ Тетоец. Сите споменати описи за него му прилегаат на неговиот лик и дело, затоа што спомнувајќи го и вечерва и по овој повод отецот Кирил ние го имаме предвид и споменот од неговата  личност поради црковното и народно дело. Каква смисла ќе има некој да си спомнува за нечие раѓање ако нема дела што вистински го осмислиле неговото постоење, истакна во пригодното обраќање поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан.

За Кирил Пејчиновиќ, како значајна личност чие дело се нарекува епохално и колосално, зборуваше и Даријан Сотировски, претседател на Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи.

-Игуменот, просветител и народен учител е еден од најголемите од нас. Во што се соостои големината на неговото дело. Во едно мрачно доба на 18 и 19 век, во време кога човечкот живот не вредел многу, во време кога црквите се граделе под нивото на земјата Кирил Пејчиновиќ живеел и создал многу. Во едно вакво време успева да обнови два манастири – Лешошки манастир и Марков манастир Свети Димитриј во Скопско. Успева да печати книга во далечниот Будим, да собере пари за во Солун ја обнови македонската печатници за неговата втората книга. Кирил Пејчиновиќ е пример дека без разлика на околносите со кои се соочуваме ние како народ можеме да постигнеме и големи дела. Радува тоа што во нашиот крај 250 години по неговото раѓање се уште е силен споменот на него, истакна Даријан Сотировски.

Плакети за особен општествен придонес и создавање трајни вредности беа доделени на организации и институции кои го носат името на Кирил Пејчиновиќ како и на поединци.

Дел од настанот беше изложба тетовскиот академски сликари Павле Кузмановски. Беа изложени 24 уметнички дела – портрети на Кирил Пејчиновиќ како и на други значајни и знаменити личности тетовчани како и други личности од Републиката и светот. 

Во музичкиот дел од програмата премиерно беа изведени две песни по текстови на Блаже Конески – „Река“ и Молитва“.

А.С

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Во недела црковно-народен собир во црквата Свети Спас во Долно Палчиште

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.