• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Се одбележаа 60 години постоење на Архивот во Тетово

10/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Одделението во Тетово на Државниот Архив на Република Северна Македонија денес одбележа 60 години од основањето.  Беше организирана изложба со фотографско претставување на најзначајните документи кои ги поседува одделението насловена „Документарното богатство на Тетовскиот Архив“ како и промоцијата на публикацијата „Преглед на национализираните наемни згради и земјишта во градежниот регион на градот Тетово 1958-1963 низ архивските фондови“.

-Зграда во која е сместено одделението постои од 1929 година, а Архивот почнал да работи во 1962 година. Претставува регионален архив за Полог, пораншени општини Тетово и Гостивар. Единствен орган од ваков вид со евиденција на 279 иматели на документи од државни управи, државни служби од образование, стопанство, верски институции и слично, изјави раководителот Младен Матовски.

Тетовскиот Архив има преземно 795 фондови и збирки преземени од јавни служби. Количина на депониран материјал изнесува 1100 метри должински – при што едно метро содржи 10 архивски кутии, а една кутија содржи 1000 извори архивски.

-Ова е едно богатсво кое зборува за сите сегменти од животот во Полог.  Тетовскиот архив е 60 годишен чувар на културно наследство во Полог. Исто така е издавач на десетици публикации, истакна Матовски.

 На изложбата можеше да се види и фотографија од најстариот документ во Архивот кој е од 1704 година од тогашната Османлиска држава.

-Оваа изложба ми значи многу јас бев дел од екипата.  Се базира на материјалот со кој располга одделението и Државниот архив каде се чуваат значајни документи од историјата на подрчајето кое го опфаќа овој архив.  Во самата содржина на изложбата може да кажам дека е богата. Од првите документи од 12 век во време на Византија, а тука се документи и од Османлискиот период . Мора да нагласам за синџил од 1704 година што е навистина е една реткост, дел од изложбата од османслиски период, изјави Бранислав Светозаревиќ.

-Со оваа изложба и одбележување на јубилејот, одделението во Тетово се приклучува кон неколкуте активности на Државен Архив кој воедно слави 70 години од институционално функционирање. Имавме изложби во Штип и Скопје и сега во Тетово. Ова е можност да се запознаеме со историјата на регионот и многу историски документи, изјави директот на Државн Архив, Емил Крстевски.

Пубкликацијата „Преглед на национализираните наемни згради и земјишта во градежниот регион на градот Тетово 1958-1963 низ архивските фондови“ е изработена од раководителот на тетовскиот Архив, м-р Младен Матовски. Зградата на Архивот во Тетово е реновирана во 2018 година.

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

И понатаму до Луковица не е прооден патот поради неисчистен снег

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.