• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се одржа граѓанска трибина со министри од СДСМ во Тетово

Граѓанска трибина „На прав пат“ се одржа вчера во Тетово каде за работата на Владата и министерствата присутните можеа да побараат одговори од министрите од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

23/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓанска трибина „На прав пат“ се одржа вчера во Тетово каде за работата на Владата и министерствата присутните можеа да побараат одговори од министрите од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Потпретседателката на СДСМ, а воедно и министерка за труд и социјала Мила Царовска во воведнито обраќање ги потенцираше промените во нејзиниот сектор за изминатите две години, како што се  зголемување на минимална плата, социјлна помош, детски додаток, надминување на проблемите на стечајците и како и корекција на системите за институционална грижа за населението.

-На денешната седница Владата формираше предлог одлука која е испратена до Собранието на усвојување за зголемување на минималната плата од 14.500 денари која ќе треба да биде исплатена во јануари 2020 . За овие две години се зголемија платите кај социјланите работници и во градинките, сега работат подостоинствено, рече Царовска.

Претседателот на партиската комисија за здравство и министер Венко Филипче истакна дека веќе има лекари кои земаат 100 илјади денари плата како вети СДСМ.

-За овие две години нема веќе мизерни плати во здравството. Конечно го има регистарот за ретки болести каде имаме на располагање 600 милиони денари за нивно лекување. Наместо сомнителен инсулин од Турција, сега имаме друи 3 оригинални инсулини за дијабетичарите Воведени се две нови вакцини, купени се нови возила за итната медицинска помош, потенцира Филипче.

Директорот на ЕСМ Васко Ковачески ги потсети тетовци може да аплицираат 1500 семејства за субвенциите за набавка на инвертери наместо печки на дрва, со што ќе се влијае да се намали загадувањето во Тетово, кој е меѓу градовите со најголемо аерозагадување. Министерот Едмонд Адеми потенцираше дека за младите се зголемува можноста за добивање државна помош од 10 на 20 илјади евра за програмите „Млад земјоделец“.

На прашање на граѓанин зошто нема ниту еден Ром субспецијализант, министерот Филипче со одговор дека ќе се отворат внатрешни огласи на кои ќе се распределат нови 900 субспецијализации. Тој потенцираше дека секој кој дипломирал на Медицинскиот факултет и добива лиценца веднаш ќе биде вработен со минимална плата од 30 илјади денари.

Жител на Тетово побара одговор кога ќе функционираат институциите како систем и проблемите на граѓаните ќе се решаваат. Министерката Царовска рече дека за две години не може да се создаде совршена машина, но дека за периодот од две години работите се менуваат.

 

Тагови: на прв патсдсмтрибина

Поврзани објави

Вести

61-годишна жена пријавила дека била касната од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Следна објава

Денот на македонската револуционерна борба 23 Октомври одбележан пред Споменикот на Револуцијата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.