• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Се одржа промоција на книгата „Тетовскиот говор“ од Дарко Гавровски

16/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со пригодна свеченост вчера во Тетово беше одржана официјална промоција на книгата „Тетовскиот говор-енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти“ на авторот Дарко Гавровски која во јануари излезе од печат. Трудот претставува збир на 9169 зборови на тетовскиот дијалект кои се објаснети од етимолошки, етнолошки, граматички и историски аспект. 

Промоторот проф. Д-р Јован Дамјановски ја потенцираше монументалноста на трудот.

-Во својата бујна размисла авторот Дарко Гавровски најде разумна подлога во толкување на зборовите и поимите. Некои стари зборови од енциклопедијата ми прозвучија како рајски здив на младоста како зборови кои сме ги слушале и користеле во младоста. Оттука е и моето уверување дека не постои сила што ќе дозволи да исчезнат овие зборови од нашата меморија независно од тоа што може да се сретна некои различности со литературниот јазик. За оваа обемна работа му беа потребни години но во него светеше некое кандилце со кое пребаруваше во орманите на македонската тетовска душа за да издржи човековиот неспокој во творечки немир, објасни писателот Јован Дамјановски.

Промоторот д-р Ивица Зориќ истакна дека авторот на мошне студиозен начин своите истражувања од 25 години систематски и методолошки начин ги уредува и пакува во продукт достапен за идните генерации.

-Умешно и лесно е достапен до поимањето до секој читател, го задржува неговото внимание и пројавува жед да не престане со читање, туку секој нареден поим го тера со посебно љубопитство да го осознае. Воедно, Дарко вично ја прави дистанцата на тетовскиот говор како специфичен и автохтон во однос на пропагандите од страна на соседните балкански земји во 19 и 20 век, истакна Ивица Зориќ.

Авторот посочи дека 22 години се собирани овие зборови, но е работена со задоволство.

-Оваа книга е започната од страна на татко ми во 1995 година како домашна занимација во тефтери да ги запишуваме старите тетовски зборови. Во тие тефтери се собраа 700 лафа па да стигнат до над 9000 лафој. Почнав 1996 со интервјуа со стари тетовци, најстариот беше роден 1904 година.  Жртва голема беше за мене работејќи на книгава, а ме чекаат дома, дали детето да играме, или родителите да се напиеме по една ракија, за да излезе на виделина. Мотивот е во тоа што минливоста на времето ме фасцинира. Тоа што предците го оставиле, тие приказни за нив претставуваат камчиња кои потоа ги собирам цели 22 години во еден мозаик. Истражувањата за предците е најчесливо и од Бога најблагословено. Направена е со ќеиф како должност кон предците за да остане за наредните генерааци, истакна на промоцијата авторот Дарко Гавроски.

Ова енциклопедиско издание на 647 страници е поткрепено со 350 фотографии и библиографија на 24 страници со 600 наслови на книги, стручна периодика, литература и разни други извори. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

СВР Тетово : Питачењето е прекршок на јавен ред и мир, се казнува со парична глоба

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.