• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Се одржа церемонијата за промоција на 18-та генерација апсолвенти на УЈИЕ

04/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Универзитетот на Југоисточна Европа денеска беше промовирана 18. генерација апсолвенти на свечена церемонија, во присуство на родители, членови на семејството, вработени и други гости. За прв пат, по изборот, со физичко присуство на апсолвентите им се обрати претседателот на Одборот на Универзитетот Клаус Тохтерман. Тој рече дека основната идеја на УЈИЕ е да обезбеди модерен и меѓународен пристап кон учењето и постојано да се адаптира на промените во истражувањето и наставата.

-Основата за ова беше единствената соработка меѓу Европа и САД. Во оваа земја мораме да им се заблагодариме на нашите донатори за нивната континуирана поддршка. „Со поддршка на државата, нашите академски колеги успеаја да создадат Универзитет кој е единствен во регионов“, рече во својот говор претседателот на Одборот, проф.д-р Клаус Тотерман.

Во својот говор ректорот акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, им порача на апсолвентите да се сеќаваат на овој ден, кој им создава емоции и им дава позитивна енергија за статусот академски граѓанин што го стекнуваат и што е и граѓанска одговорност.

 -Вие претставувате најсилен општествен, професионален и интелектуален капитал со кој оваа институција интелектуално придонесува за нашето општество. Нема друг проект, за овие три децении на општествена, политичка и економска транзиција што придонесе толку многу за секој поединечно, за вашите семејства и за општеството воопшто“, истакна ректорот Беџети.

Ректорот Беџети им порача на апсолвентите дека УЈИЕ го продолжува патот на раст, не само во академските, професионалните и научните параметри, туку и во оние на студентската популација, во различноста на програмските понуди, но и во основањето на нови факултети

-Ние имаме обврска да бидете горди на вашата Алма-матер бидејќи ќе ја чувате нашата диплома и нашиот институционален амблем засекогаш. Можете да го надградувате своето знаење, да добиете други дипломи и титули, но основните знаења и дипломи кои отворија други хоризонти во животот остануваат на УЈИЕ“, истакна меѓу другото ректорот Беџети.

Во име на генерацијата говор одржа студентката со највисок просек на оценки Рина Бехадини.

-Стојам овде пред вас, дипломирана на  компјутерски науки, веќе вработена и подготвена за утрешните предизвици. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми овозможија ова патување да биде убаво а пред се сакам да ги охрабрам моите врсници да продолжат да ги остваруваат своите соништа. “, рече Рина Бехадини.

За уметничкиот дел на церемонијата се погрижи проф. Агим Пошка, кој ја отпеа песната на Универзитетот „Глас на знаењето“ и младите уметници од Тетово, Лулеса Пајазити и Лабинот Абдирахмани.

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Градските улици се поплавуваат кога има малку пообилни дождови, каква атмосферска канализација има во Тетово ?

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.