Тетовски хорски одѕиви (ТЕХО) овие два дена, петок и сабота се одржува во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешок. Ова е 30-то јубилјено издание на фестивалот.
Во петок во 19 часот манифестацијата започна со промоција на зборникот „Хорско творештво на Љубомир Трифуновски“ , како и настапите на Градски женски хор Менада од Тетово, Меша хор Акапела од Тетово, детски хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, Друштво пријатели на музиката „Розафа Експрешн“ од Скадар, Албанија и женски камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје.
Денес од 13 часот настапија градски мешан хор Воз Лихнидос, градски мешан хор Гортинија од Гевгелија и женски мкадински хор МКЦ- Скопје.