• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Се палат огнови по нивите, полицијата и пожарната апелираат да не се прави тоа поради опасност од поголеми пожари

01/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полицијата и пожарната од Тетово викендов бележат неколку помалку пожари во ниви и шуми, пред се од земјоделци кои вршат расчистување на земјиштата поради пролетна седиба. Поради опасноста од избувнување поголеми пожари полицијата и пожарната апелираат да не се палат огнови на отворено.

-Полски пожар но покрај пат кај Непроштенска јурија ни пријави возач на цистерна полна со плин кој дури не поминал од страв да не се се случи експлозија. Ние интервениравме го изгасивме огнот па тој поминал.  Пожар имало и во шума блиску до училиштето во Желино, но самите потоа го изгасиле додека да дојдеме, информира Ука Алити од тетовската пожарна.

Во СВР Тетово изминатиот викенд во во тетовскиот регион се пријавени неколку полски и шумски пожари, пред се во селата Нераште, Шемшово, Јегуновце, Рогачево и на други места. Затоа Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира и предупредува до сите кои работат или се движат деновиве на отворен простор да не палат огнови.

-Ова посебно се однесува на земјоделците кои максимално ги користат сончевите и суви денови и интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба, кои ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите и потоа заминуваат, а огнот без контрола брзо се шири, особено кога времето е ветровито.Да бидат крајно внимателни им се советува, исто така, и на оние кои работат во шумите, како и на излетниците, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од таму потсетуваат дека предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до 10 години, зависно од крајните еколошки и други последици.

А.С 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава
бензин горива нафта

Зголемени цените на нафтените деривати

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.