• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се повеќе земја од свлечиштето кон Бањиче се наоѓа во корито на реката Пена

01/05/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Се повеќе земја од свлечиштето долж патот од Тетово кон месноста Бањиче се наоѓа во корито на реката Пена, откако општината преку компанија изведувач прави градежни работи околу уредување неколку критични точки каде има појава на одрони. Граѓаните аламираат дека половина од коритото на дел од тој потег е  веќе зафатено со фрлената земја од свлечиштето.

-Реката Пена кога тече сега е кафеава од земјава и секако ја носи надолу. Мислам дека ова не е во ред вака да се средува одронот со фрлање на земјата во коритото на река Пена.  Наместо рекреативна патека, стана ужасно место, после движење како песок да имам насекаде на мене и на алиштата, објаснуваат тетовци кои пешачеле кон Бањиче.

Градоначалничката Теута Арифи на вчерашниот настан на новинарско прашање зошто при санација на свлечиштето кај Бањиче земја се истура во реката Пена, рече дека Сектор за комунални дејности ќе информира дополнително.

-Имаме надзор, да градите по планини не е како да градите тука. Нема да има тука свлечиште затоа што нема планина. Така да таму пред три години во проектот знаеме дека имаше придвижување на земјата. Компанијата ни имаше ветено дека ќе се врати да работи таму и во моментот работи на каскадирање на земјата и отклонување на ѕидот, рече Арифи.

На 16 април овој пат целосно беше затрупан поради градежните работи кои започнаа да се одвиваат на почетокот на месецот.  И тогаш освен на коловозната лента карпи,камења и земја се најдоа и во коритото на река Пена. 

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

За поголема безбедност на мештаните поставени грпки на главниот пат што води до Лешочки манастир

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!