• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Се повеќе луѓе возат без положен возачки испит или валидна дозвола

10/12/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во изминатите 11 месеци од оваа година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово биле откриени и санкционирани вкупно 2101 лице од кои во Тетовско 1545 и во Гостиварско 556 кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа или 290 лица повеќе во споредба со цела 2020 година.

Најголемиот број од санкционираните управувале патнички моторни возила или мотоцикли, а биле на возраст од 16 до 35 години. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност, а толкава глоба ги очекува и сопствениците на возилата кои им ги дале на управување, иако знаеле дека немаат возачки дозволи.

-Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните контроли во рамките на кои посебно внимание и се посветува на оваа категорија учесници во сообраќајот и уште еднаш апелира, посебно до младите, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, со што ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и до родителите и роднините на малолетници да не им овозможуваат управување на нивните возила, зашто на тој начин придонесуваат за нарушување на вкупната сообраќајна безбедност на подрачјето и пошироко.

 

                             

 

 

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Сообраќајната полиција од Советот на Општина Тетово побара градот да има повеќе „пајак-возила“ и еднонасочни улици за помалку метеж

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.