• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Се пренасочува ли еден од изворите со кои Тетово се снабдува со вода ? И со два водоснабдителни системи многу делови од градот немаат вода за пиење

02/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Изминативе некоклку недели одредени делови на Тетово повторно се соочуваат со недостиг на вода за пиење како пред десетина години кога проблемот беше најизразен. Иако сега во функција се двата водоснабдителни системи во многу домаќинства со часови нема вода за пиење. Стариот дел од градот каде се населбите Котлук и Два Бреста е место каде постојано тамошните жители се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Од друга страна сега со таков проблем се соочуваат граѓани насекаде низ Тетово.

-Без вода се не може, раце да измиеш, не можеш без вода да направиш ништо, ни садови да измиеш, машина да пуштиш, нема шанса, мора ноќе ако дојде па да станеш па да пуштиш машина.Не е само сега, со години, едно време имаше малку-малку, па сега пак ја допираа`многу често да ја допираа.Јас сум овде 40-тина години,откако сум дојдена стално овде немало вода, после ајде нов водовод пуштија и пак истото, сметаат дека овде не се луѓе, вели Нада Стевчевска.

Нејзината сосетка Ѓураије Рамадани исто така се мачи со немањето вода па носи дома од јавна чешма во близина на реката Пена.

-Без вода сме, имаме едни билноци ги полниме и со нив живееме. Вчера ич, денес пак малку, , без вода сме. Еве се запали куќа, не сме имале вода замалу свите би се запалиле, вели Ѓураије.

Д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово, установа која секојдневно ја следи исправноста на водата, смета дека покрај редовните причини се јавил и нов проблем.  Вода во овој период нема поради намалената издашност на изворите, а докторот вели дека добиле информација дека дел од капацитите со кои градската мрежа се снабдува со вода се пренасочени.

-Неформално имаме непотврдена информација, едно од извориштата односно Уливерички извори помеѓу двата круга на локалните избори се пренасочени према селото Речица. Не знаеме не можеме да го потврдиме тоа поради тоа што не можеме да излеземе на терен поради временските прилики. Некаде кон крајот на април и почеток на мај ќе излеземе на терен ќе се извршат увиди и ќе видиме дали навистина е тоа така, изјави Давидовски.

Недоволен притисок до одредени места како и несовесното трошење на водата за пиење во комуналното претријатие ги наведуваат како главни проблеми кои придонесуваат да нема доволно количини вода.

-Дневно од двата система имаме 250 до 270 литри во секунда со варијации, а со бунарите достигаат негде 300-310 литри. Ние се соочуваме со зголемена потрошувачка, граѓаните почнуваат да трошат повеќе вода за пролетно чистење. Имае многу висококатници каде не успеаваме да добиеме притисок , кои не се поседуват хидрофори, вели Љуљзим Шаќири од Водовод.

Тој потврдува дека постојат диви приклучоци, но немаат електронски систем во мрежата за да се утврди дали  капацитет од Уливерички извори дека е пренасочен.

–Јас нема таква информација, не поседуваме таква информација. Засега нити ја имам таа информација ниту има индиции зошто лани имавме во ова време со вакви прилики оваа количина на вода од старите изворишта и сега ја имаме би рекол и годинава малку и повеќе за разлика од лани, изјави Шаќири.

Уливерички извори имаат издашноста во варијација од 50 до максимални 200 литри во секунда.

Поради тоа што зимава неколку пати чести дефекти на новиот водоснабдителен систем градоначалникот Касами најави дека пролетва ќе се испитува зошто доаѓа до тие ситуации.

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

ЈКП Тетово: Рестрикции во водоснабдувањето од 23 часот до 3 часот наредниот ден

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.