• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Се работи на завршување на фрескоживописувањето на соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј

07/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со цел да се интензивира фрескоживописувањето на соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј во работата вклучен е уште еден зограф, па вкупно двајца зографи сега треба да ги доцраат ѕидовите од храмот каде досега немало фрески. Фрескоживописување на соборниот храм Свети Кирил и Методиј е започнато од страна на зографот Зоран Бошковски, кој во моментот ги слика северниот и јужниот ѕид на храмот, додека западниот ѕид на храмот и горните делови кон галеријата ги слика зографот Венко Цветков. 

-Со благослов на митрополит г. Јосиф се изведуваат сите овие работи. Сите досегашни фрески се даренија од благочестиви православни христијански верници од Тетово и околината кои даруваа фрески според нивните заштитници на семејствата или семејната слава итн. Места се уште постојат за фрески кои не се насликани, изјави отец Александар Стојановски, старешина на храмот.

Со целосното завршување на фрескоживописот, храмот ќе го добие потребниот сјај и убавина, сметаат во црквата.

-Благодарноста изразуваме до двајцата зографи, благодарноста до сите благочестиви правосалвни христијани кои вложија средства во фрескоживописувањето на соборниот храм, бидејќи за нас соборниот храм е многу значен храм како митрополитски храм, вели отецот Стојановски.

Во горните делови се насликани сцени од Господовите и од Богородичните празници, а иконите се во подолните делови, портрети на светители, кои што луѓето ги почитуваат.

– Односно се сликаат евангелски настани како што е Воскресение Христово, Слегување во Адот, Спасовден. Тоа во горните делови од ѕидовите, а во подолните делови се сликани пред се светители. Се сликаат и познатите светители, но и светители кои се канонизирани во поново време. Кај зографот Венко Цветков постои идеја кај горниот дел над галеријата да се сликаат сите светители кои се подвизувале на подрачјето на Македонија, маченици, светители, пустиножители. Македонска Православна Црква канонизираа и светители кои се од поново време. Се води сметка и тие да бидат застапени и воопшто светителите од поново време во православниот свет, истакна старешината на храмот. 

Фрескоживописувањето на слободните ѕидови од црквата е започнато во периодот 2009-2010 година.

А.С

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Македонско-хрватско друштво организира ликовна изложба „Хрватска низ времето“

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
84%
1.32mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!