• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Се работи на изградба на фекална канализациона мрежа во Теарце

26/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Општина Теарце во тек се работите за поставување на фекална канализациона мрежа со која се очекува се надминат постојните проблеми со кои населението од ова село се години се среќаваше.  Денеска Општината ја посети министерот за животна средина Насер Нуредини кој од страна на градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани беше запознаен со текот на работите.

-Ова е значајна работа за нашата Општина. Изградбата на фекалната канализациона мрежа е на барање од сите жители на Теарце. Ние како локална самоуправа сме подготвени со изработена техничка документација, покрај овој, да реализираме и многу други проекти. Секако за ова наидуваме на голема поддршка од централната власт“, изјави градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани.

Министерот Нуредини се запозна со текот на изградбата на фекалната канализација, а вети и помош од централната власт за секој добар проект, како што е овој,  кој ќе се достави до нив.

-Со проектот се предвидува изградба на канализациона мрежа на 26 улици (краци). Вкупна должина на канализационата мрежа за сите 26 краци изнесува околу 11700 метри.  За реализација на овој проект, средствата во висина од приближно 52 милиони денари се обезбедини од Министерството за животна средина и просторно планирање, а иститот треба да биде целосно завршен во рок од 33 месеци.  Значи најдоцна до 2023 г. жителите на Теарце треба да имаат функционален систем за одведување на отпадни води со што ќе се заштитат и подземните води, бунарите и генерално животната средина“, изјави министерот Нуредини кој нагласи дека како централна власт и понатаму ќе поддржуваат вакви и слични проекти.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа на која општинина од Охридскиот Регион, ќе и се даде приоритет во спроведувањето препораките од УНЕСКО, Нуредини изјави:

-Нема Охрид или Струга, приоритет ќе му се даде на целиот Охридски регион. Правиме сѐ што е потребно, а за тоа имаме рок од две години. Досега имаме напаравено многу работа, направен е менаџерскиот план, почнавме да ги отстравуваме диво изградените платформи а некои објекти кои немаат дозволи за градба исто така ќе бидат одстранети. Нема само Струга, нема само Охрид, секаде ќе се работи“, истакна министерот Насер Нуредини. 

 

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава
бензин горива нафта

Намалување на цените на нафтените деривати

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.