• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Се расчистува опожарената куќа во тетовски Колтук, ќе се реновираат две соби со донации на граѓаните и помош од општината

09/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Ќе се обновува изгорената куќа на Илија Серафимовски во тетовската населба Колтук, каде денес започна акција за расчистување на остатоците од изгорениот објект. Расчистувањето го започнаа соседите од населбата Колтук, членови на црковниот одбор при храмот Свети Никола, пратеникот Александар Велјановски, како и советниците Ангел Карапетров и Станислав Бојчески.   

-Ќе се обноват две соби. Општина даде 150 илјади денари, а остатокот ќе се собира со донации на хуманите граѓани. Благодарност за сите што помагаат и апел до сите кои можат да помогнат на било кој начин за да овозможиме нормални услови за живот на нашиот сограѓанин, порачаа иницијаторите кои денес го расчистуваа просторот.

По пожарот во јануари, 49 годишникот Илија Серафимовски се сместени во дел од помошните простории на црквата Свети Никола. Бидејќи тој е  самец, а во исто време и невработен, корисник на социјална помош, самиот не можел да најде нов стан под наем или да оди кај роднини.

-Комшииве ми помагаат цело време. Прво ја уредија собава, ми носат јадење, ми носат хигиена, тоа све што ми треба. Ако може од цела Македонија, ако може нека донираат ќе им бидам благодарен, изјави Илија.

Во пожарот тој доби повеќе изгореници по целото тело. Вечерта кога се случи пожарот Илија беше во опасност да го изгуби животот.  За да се излезе од куќата му помогна и со тоа му го спаси животот неговиот 25 годишен сосед Мартин Малетиќ.

ас

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

Казни за 23 возачи на мотоцикли на подрачјето на СВР Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.