• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Се расчистува старата тетовска депонија за да се гради пречистителна станица за отпадни води

Еден од стандардите за почеток на градба на пречистилтена станица беше расчитување на оваа депонија. Во однос на проектната докумнатација сме ги дале сите потребни дозволи и за градба пречистителна станица и на двата колектори, и со завршување на овој процес ЕУ нема да има пролем да продолжи со тендерирање и реализирање на проектот, изјави градоначалничката Теута Арифи. 

17/07/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Заменик премиерот Бујар Османи, Теута Арифи градоначалник на општина Тетово и Гир Јохансен прв секретар на амбасадата на Кралството Норвешка беа на теренска посета во близина на село Фалише каде се расчистува старата тетовска депонија. По расчитувањето на депонијата, на истото место ќе почне градење на пречистителна станица за отпадни води за тетовскиот регион.

– Еден од стандардите за почеток на градба на пречистилтена станица беше расчитување на оваа депонија. Во однос на проектната докумнатација сме ги дале сите потребни дозволи и за градба пречистителна станица и на двата колектори, и со завршување на овој процес ЕУ нема да има пролем да продолжи со тендерирање и реализирање на проектот, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Расчитувањето на депонијата се прави со  помош на Владата на Кралството Норвешка.

-И Норвешка пред 25 години се наоѓаше во слична состојба и можеме да се пофалиме со фактот дека сега имаме повеќе од 2700 пречистелнi станица за отпадни води Норвешка со што бенефит имаат граѓаните и животната средина . Така ќе биде и овде со реализaција на овој проект, рече Гир Јохансен, прв секретар на норвешката амсабада.

Вицепремиерот Османи потенцираше дека проектот е важен за регионот но и целата држава.

-Овој проект е мултидимензионален, не само по фактот што ќе исчисти една ваква депонија но и ќе создаде предуслови да се гради пречистителна станица, отпадните води ќе ги чисти од целиот регион. Ќе покажеме одговорност и према регионот бидејќи оваа вода ќе оди во Грција ќе станеме кредибилен фактор на регионот во заштита на животната средина и на граѓаните кои што живеат на континентот, рече Османи.

Расчитувањето на дивата депонија треба да заврши до декември 2019 година.

-Според предвидувањето потоа до 2022 целиот процес треба да биде комплетиран и да се изгради пречистителната станица со средства од ИПА фондовите во висина од 30 милиони евра со кои ќе се градат цела станица,двата колектори и нови канализациони мрежи, рече Теута Арифи.

Старата тетовска депонија се наоѓа на 67 илјади метри квадратни на патот од Фалише кон Стримница. Вкупно 170,000 метри кубни отпад се ископува и се транспортира во депонијата Дрисла. Чистењето, одлагањето на отпадот е финансирано од Владата и општина Тетово со 2,3 милиони евра, додека транспортот на отпадот во износ од 700,000 евра е финансиран од Норвешка во рамките на проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија.

Александар Самарџиев

Тагови: Бујар Османидива депонијапречистителна станицаТетовоТеута Арифи

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи при теренската посета во тетовско Фалише одговори на новинарски прашања

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.