• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Синдикат: Се врши притисок од партии да се прекине штрајкот во Управата за водење на матични книги

04/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тони Милошески, претседател на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги денес ги посети колегите во подрачното одделение Тетово за да увиди како се одвива штрајкот на вработените во оваа институција. Денеска е петтиот ден од штрајкот на вработените во Управата, кои потенцираат дека ќе продолжи се до исполнување на нивните барања за колективен договор со линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.

-Порастот на минимална плата во 2022 година доведе до изедначување на платите на вработените со различни звања. Ние како независен синдикат на Управата за водење матични книги сметаме дека треба да има лиеарно покачување на платите на сите вработени во УВМК кои долги години наназад воопшто не се покачени. До 2010 бевме под МВР, а од тогаш никој не има дадено ни покачување, ни на звања покачување, имаме колеги и по 30 години работат уште се помлади референти Има колеги што земаат 14.700 денари не земаат уште цела 15.200 што е минимална плата нормално сега 18 илјади што треба да биде, изјави Тони Милошевски.

На петтиот ден од штрајкот синдикатот предупредува дека се врши притисок кон вработените да го прекинат.

–Притисоци имаше огромни и уште ги има тие притисоци. Има значи од некои политички партии, има од самото раководство од Управата до некои вработени. Највише притисоци тие вработени што се на договор тие имаат најголеми притосоци. Затоа што може да им престане договорот да им го престанат за да не можат да работат и многу е лошо што ги тераат да работат а не смеат да работат. Не смеат поради Законот за заштита на лични податоци бидејќи не се вработени, рече Милошевски.

Тој потсети дека синдикатот побарал постапка за помирување со Управата.

-До Управата доставивме постапка за помирување. 15 дена поминаа од тој рок. На 19-ти само еднаш не викнаа да преговараме. Ни кажаа од Министерството за финансии дека нема ништо да ни дадат од таа работа и ние по таа одлука на 27 април стапивме во штрајк, изјави Милошевски.

Иако се во штрајк вработените издаваат дел од документите кои се за потреби на граѓаните поврзани со старнство како за лекување, смртни случаи, раѓање и слично. Се склучуваат и бракови кои се закажани до 26 април.

 ас

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Тетовската полиција ќе едуцира ученици за правилно возење на мотоцикл 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.