• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Ски клуб Љуботен : Нула денови ски сезона е опасност за спортот

Скијачките клубови од Тетово алармираат дека се прави штета по нивната работа и воопшто по овој спортот поради оневозможеноста на Попова Шапка да има скијање.  Сметаат дека не се за оправдување временските услови, туку е потребно менување на концептот на управување.

11/03/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Скијачките клубови од Тетово алармираат дека се прави штета по нивната работа и воопшто по овој спортот поради оневозможеноста на Попова Шапка да има скијање.  Сметаат дека не се за оправдување временските услови, туку е потребно менување на концептот на управување.

-Оправдувaња има дека во март снегот се топи, во февруари го издува ветер, во јанаури слабо врнеше, во декември се стопи. Резултат е тоа што сезоната заврши со нула ски денови, додека Маврово се уште интензивно работи со 100 +денови, иако е  на само 1200 метри надморска височина  како и Копаоник, Злaтибор, Банско, Боровец. Попова Шапка е на над 1700 метри,вели Жарко Трпковски претседател на скијачкиот клуб Љуботен.

Тие зимава имале само одреден период ски-школа за деца, по што морале само дел од нив да продолжат на Маврово. За натпреварувања не ни имало простор да се размислува.

-Целосното менаџирање е во аут и треба да се смени. Под итно треба инсталација за вештачки снег, како и да се работи на тој снег што го има да се користи за ски сезоната. Вака не може да се работи ништо, не може сите да одат во Маврово. Зарем ќе се допушти да не се учи скијање и да не се одржува формата на оние кои се во натпреварувачки елемент, истакнува Трпковски.

Според Трпковски отсуствува и концепт за долгорочен развој.

-Се направи нова шестоседа жичница, но нема попусто е тоа, да се овозможи да доаѓаат скијачи, а да нема инсталација за вештачки снег за да се враќа инвестицијата. Патот се реновираше, а нема нови паркинзи. Сите работи се врзани и треба да се прави притисок од ски центарот кон институциите да се соработува и наоѓа соодветено решение, рече Трпковски.

Изминатиот викенд на Попова Шапка наврнаа нови 40-тина сантиметри снег, но високите температури преку ден според надлежните од ски-центарот не дозволија снежната покривка да третира со тапкачи (ратраци)   На 26 февруари беше означен официјален почеток со работа на најновата шестоседна жичница на Попова Шапка. Поради неможноста скијачите да ја корисат, истата може да послужи за панорамско разгледување.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Библиотеката во Тетово ќе работи само прва смена

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.