Во пресрет на почетокот на скијачката сезона раководството на ски-центарот Попова Шапка ги информира и потсетува посетителите дека согласно Законот за скијалишта со редарска служба ќе се проверува дали се почитуваат правилата во ски центарот. Почетокот на ски-сезоната е предвиден за 15 декември кога бесплатно ќе може да се користат ски-лифтовите и жичниците.
-Безбедно скијање е нашето мото. Почитувањата на правилата е од исклучително значење за безбедноста на сите. Затоа, ве замолуваме да се придржуваме до правилата и да бидеме одговорни за себе и за другите, се вели во известувањето на ски-центарот.
Потсетуваат дека согласно член 21 од законот за скијалишта ски центарот за време на сезоната ќе ја контролира целокупната состојба и безбедното користрење на ски-патеките. Се бара од посетителите почитување на поставена сигнализација, знаци, табли, известувања и светслосни сигнали.
-Според член 26 и 27 од законот за скијалишта на ски патеките строго се забранува движење на АТВ моторни и електрични санки, приватни снеготапкачи (ратраци) како и користење на железни санки (дозволени се само пластични и дрвени санки). За непочитување на одредбите од овој закон овластено лице на ски -центато има право да го попречи движењето на моторни возила по скипатеките како и на несоодветните санки за санкање и за истите предвидени соодветни глоби, информираат од ски-центарот.
Надвор од обележаните патеки скијачите скијаат на сопствен рикзик. Воедно ќе се казнува злоупотреба на ски билети.
ас