• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Скоро една година без железнички сообраќај-нема локомотиви за вагоните

17/04/2022
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Кога бензините достигнуваат енормно високи цени, граѓаните не се ни во можност да го користат железничкиот превоз како поевтина варијанта, барем кога станува збор за западниот дел од Македонија. Речиси цела година не функционира релацијата од Скопје до Тетово, а потоа и до Гостивар и крајната станица во Кичево. Станицата во Тетово е затворена, а поставено е известување дека патничкиот воз времено не сообраќа.

На железничката станица во Тетово велат немаат овластување од дирекцијата да зборуваат со новинарите, но одговор нема ниту од централата на македонската железница каде се обративме преку електронска пошта и телефон.

Неофицијално причина за тоа што не сообраќаат возовите е што нема соодветна локомотива која ќе влече вагони за превоз на патници. Постоечките влечни локомотиви се стари по пет-шест децении и не се во функција. Од Тетово кон Скопје и кон Кичево во најдобрите времиња имаше по неколку линии дневно.

Инаку, за патување Тетово-Скопје потребни се само 120 денари или 192 денари повратен билет.  Ова укажува дека граѓаните се лишени поевтино патување во време на скапо гориво. Колку за споредба- само за патарини од Тетово кон Скопје и назад граѓаните трошат по 160 денари.

Железничката станица во Тетово беше реновирана во октомври 2020 година. Денес сме сведоци дека секојдневно се одржуваат железничките пруги. Но за железнички сообраќај изостанува главното-нема локомотиви и вагони.

Граѓаните велат-ако сакаме да личиме на Европа, токму железничкиот превоз е областа во која треба да се инвестира кога станува збор за удобно и евтино патување за сите луѓе.   

-Моите се на запад во Европа. И таму гледам дека многу се користи јавен превоз со железница. Таму е можеби поскапо од овде нормално но многу често има возови по повише пати во денот и се користи. И по селата и по градовите и они самите работаат ван од своето место принудени се да патуваат дали со воз, дали со автобус, дали со кола- таму многу многу повеќе се користи јавниот превоз, изјави жителн на Тетово.

Пред неколку недели Србија на релација Белград-Нови Сад пушти во употреба воз кој достигнува до 200 километри на час. 

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Тетовскиот шарпланинец Купер викендов победи на државниот шампионат за оваа раса кучиња

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.