• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Скоро 16 илјади граѓани ја изгубиле работата во Македонија поради пандемијата

01/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати го посети Центарот за вработување во Тетово каде со раководството разговараше за степенот на реализација на активните мерки за вработување во 2021 година како и за планот за 2022 година. Според него на ниво на цела држава 94,6 % од планот за вработување е реализиран и преку тие мерки за вработување поминале 11.292 невработени лица.

Тој информираше дека отказ за време на пандемијата од март 2020 од почеток до 31.12.2021 добиле скоро 16 илјади граѓани.

-Сите тие кои го изгубиле работното место се пријавени во агенција за вработување. Погодени се сите сектори, но најмногу отпуштања има во хотелиерството и текстилната индустрија. На денска основа има околу 7-8 илјади огласи дневно кои се отворени за сите овие невработени лица доколку се заинтересирани. Претежно се бара од ИТ сектор, но има огласи за општи работници, занаетчиска дејност и многу други, рече Беким Мурати

Најголем интерес и минатата година бележи мерката самовработување односно отворање нови фирми.

-При што 1877 нови компании се отворени, а 1777 невработени лица отвориле свој бизнис. Сега сме во фаза на подготвкување на оперативен план за 2022 година и истиот ќе се прошири врз база на анализите на пазарот на труд, со стопански комори и со МТСП. Кај мерките за самовработување особено до 29 години, скоро 40 отсто од вкупниот број на активни мерки се млади лица кои се нафаќаат да отворат некој бизнис. Овие бројки се реални и дури ние треба да размислиме да се прошириме со други дејности и мерки како да им помогнеме на невработените и на фирмите во овој тежок период за нив и целата државата соочуваме со пандемија, рече директорот Беким Мурати. 

Во Тетово има 15.671 невработен активни баратели на работа кои се пријавуваат на 30 дена и има и 2341 пасивни баратели кои се пријавуват на шест месеци.

ас 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

Се зголемува бројот на хоспитализирани луѓе во тетовскиот Ковид центар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!