На вонредна крводарителна акција вчера во просториите на комплексот Арабати Баба Теќе се собрани 12 единици крв, информираат од општинската организација на Црвен крст Тетово.
-Освен на вакви акции, граѓаните може да дојдат и во просториите на Центар за трансфузиона медицина при клиничката болница за дарување на крв. Ние имаме во моментот доволно крвни единици но секогаш треба да бидеме подготвени. Затоа нашето мото е „Крвта треба да го чека пациентот, а не пациентот да ја чека крвта“, потенцираат од Центар за трансфузиона медицина.
Општинска организација на Црвен крст Тетово заедно со тимовите од Центарот за трансфузиона медицина Тетово, организираат градска акција на крводарување во среда во службата за трансфузија во Клиничката болница. Предвидено е акцијата да трае од 9 до 15 часот.
А.С