• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Совети за превенција од пожари- кампања „Лето без пожари“

13/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските полицајци заедно со вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“- Подружница Лешница Тетово денеска делеа флаери во рамки на кампањата за заштита од пожари „Лето без пожари 2022“.  Активноста беше спроведена на наплатната рампа на автопатот кај Желино.

-Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција заедно со претставници од Јавното претпријатие „Национални шуми“- Подружница Лешница Тетово  им поделија  на речиси 200 возачи флаери, што претставува планирана активност во рамките на кампањата за заштита од пожари „Лето без пожари 2022“. Целта на кампањата во која се вклучени и неколку високообразовни институции од нашата земја, Противпожарниот сојуз, Шумска полиција, професори и студенти е навреме да се превенираат пожарите на отворен простор во летниот период и пред се шумските, кои неретко завршуваат со тешки последици по шумите и имотот и животот на луѓето, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во дистрибуираните флаери, изработени на македонски и албански јазик, граѓаните поблиску се информираат и се предупредуваат на опасностите од настанување на пожари, на најчестите причини за нивно избувнување, а во нив се наведени и законските импликации, но и последиците од огнените стихии и особено од оние од поголеми размери.

 ас

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Приведен 27 годишник за најден кокаин

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.