Илија Димитриевски, советникот од редовите на СДСМ во Советот на Општина Тетово преку соопштение до медиумите информира дека поради состојбите во Советот испратил претставки до соодветни институции – Државниот инспекторат за локална самоуправа и Финансиската инспекција во јавниот сектор.
-Заради јасно утврдување на фактичката состојба со новонастанатата состојба со Распуштањето на Советот на општина Тетово, и отстранување на евентулните сомнежи за тоа дека Советот на општина Тетово со свое делување довел да се распушти и придонел евентуално да се организираат нови локални избори за Совет, како граѓанин писмено се обратив до надлежните институции, Државниот инспекторат за локална самоуправа и Финансиската инспекција во јавниот сектор, со Барања за извршување вонреден инспекциски надзор во Општина Тетово за утврдување на фактичката состојба, вели во соопштението советникот Илија Димитриевски.
На крајот од април советникот Илија Димитриевски преку соопштение информираше дека актуелното раководство на Тетово манипулира со кога вели дека се исполнети условите за распуштање на советот.