• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Советникот Илија Димитриевски: На градоначалникот треба да му се одземе мандатот, а не советот да оди на избори

29/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Илија Димитриевски, советникот од редовите на СДСМ во Советот на Општина Тетово смета дека на градоначалникот на Тетово треба да му се одземе мандатот, а не да има избори за нови советници. Во соопштение до медиумите тој го образложува овој негов личен став.

-Целосната неспособност за менаџирање на Општина Тетово овој Ггадоначалник сака да ја прикрие со избори за Совет, со што вината за нефункционирањето на општината ќе премине на некој друг.Советот немаше ниту можност, ниту шанса да се произнесе по Годишната сметка на Општина Тетово за 2021-ва година во законски предвидениот рок, заради тоа што градоначалникот не ја достави оваа точка до Советот до 31.03.2022.Администрацијата на градоначалникот ја поднела Годишната сметка до Централниот регистар во законски предвидениот рок, до 31.03.2022, и таа годишна сметка е одобрена од Централниот регистар, без таа да биде доставена до Советот на разгледување. Заради непочитувањето на законот во врска со ова Градоначалникот треба да понесе соодветна одговорност, истакнува Димитриевски.

Според него вистината е дека годишната сметка е само изговор на градоначалникот и не е причината заради која сака да го распушти советот.

-Да беше тоа причината, градоначалникот ќе поднесеше барање за распуштање на Советот уште на 07.04.2022, кога на 9-тата седница на Советот, администрацијата ја достави годишната сметка на разгледување до Советот. Годишната сметка за првпат беше доставена до Советот на разгледување на 9-тата седница на Советот која се одржа на 07.04.2022, по изминувањето на законскиот рок (31.03.2022), што може да се види од видео снимката од оваа седница. Градоначалникот со сопствена дискусија ги поттикнува советниците од мнозинството да не ја гласаат годишната сметка, вели Димитриевски.

Тој потсетува дека советниците на седницата бараа од градоначалникот образложение зошто е доставена годишната сметка со доцнење, и образложение за тоа кои се последиците доколку не се изгласа Годишната сметка, но според Димитриевски на тоа ниту градоначалникот, ниту администрацијата не дадоа одговор. Додава дека за годишната сметка гласаа советниците на СДСМ и советниците на ДУИ, а останатите советници од мнозинството се воздржани.

-Вистинската причина за барањето на распуштање на советот од страна на градоначалникот е нарушеното мнозинство. На 10-тата седница на 27.04.2022, по неуспешно изгласаниот дневен ред, на координација сите советнички групи уверија дека немаат проблем да го изгласаат дневниот ред доколку се дополни со нивните предлози, и тогаш Годишната сметка ќе беше изгласана. По мои информации градоначалникот е причината зошто седницата не продолжи. Тој иако знаел дека ако ги прифати предлозите за дополнување на дневниот ред, истиот ќе се изгласа и седницата ќе продолжи, не го дозволил продолжувањето од инат кон советниците. Одговорно тврдам дека советниците во овој советнички состав, и опозиција и позиција многу често се согласуваа и често заедно поддржуваа предлози кои се во интерес на граѓаните, потенцира Димитриевски.

Советникот смета дека е градоначалникот манипулира кога вели дека се исполнети условите за распуштање на советот.

-Според член 75 став 1 точка 3 од Законот за локална самоуправа, Советот се распушта доколку не го донесе буџетот и годишната сметка до 31.03 во тековната година. За да влезе во сила оваа законска одредба, треба кумулативно да бидат исполнети двата услови, а буџетот е донесен од страна на Советот уште во декември 2021-ва.Намерата на законодавецот со овој член е да се спречи блокирање на работата на општината од страна на Советот со не донесување на Буџет и Годишна сметка.  Во нашиот случај немаме блокада од страна на Советот, туку блокада од страна на Градоначалникот, изјави Димитриевски.

Според него нелогично е да се дозволи граѓаните да плаќаат над пола милион евра за нови избори за Совет на само неколку месеци од минатите избори.

ас

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

СВР Тетово бележи неколку физички напади

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.