• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Советот на општина Тетово во текот на март не одржа седница

04/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на март не се одржа ниту една седница на Советот на општина Тетово. Претседателот на Советот, Беким Мемети, образложува дека иако некои други општини одржале седница, во консулатација со други институции одлучено е да не се одржи редовната седница.

-Како претседател на Совет на Општина Тетово одлуката да нема седница за март ја донесов откако се консултирав со градоначалничката на општината, колегите од другите општини, кординаторите на политичките партии, исто така и со Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) како и согласно препораките од Владата за превенција од ширење на коронавирусот. За месец април ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите. Ако биде потребно некоја итна седница да се свика во меѓувреме сметам дека советниците се целосно подготвени да присуствуваат, изјави претседателот Беким Мемети.

Од опозицијата бараат свикување на итна седница на советот со цел да се донесат мерки за справување со негативните ефекти од кризата поради епидемијата на коронавирусот.

-Градоначалничката Теута Арифи веднаш да предложи итни мерки , да се откаже од дел од средствата од најголемите приходни ставки (комуналиите, комуналните такси, закупот на јавен простор, другите давачки и сл.) со цел да им помогне на граѓаните и правните лица кои што редовно ги плаќаат давачките кон градот.За таа цел, повикувам да се свика итна седница на советот, со цел градоначалничката да донесе низа мерки, како на пример да преземе дејствија за спуштање на минимум на комуналната такса за закуп на јавен простор за 2020 година, да ја намали фирмарината за стопанските субјекти согласно законскиот минимум, да донесе одлука за замрзнување на обврската за плаќање на зонско паркирање, одложена исплата на комуналиите, ваучери за социјално загрозените категории, ваучери за храна за сиромашните, да обезбеди телефонска линија за помош на социјално загрозените категории, да обезбеди компјутери за децата кои што немаат услови да следат онлајн настава, конечно да ја пушти во употреба градската капела и.т.н, истакна Александар Велјановски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Овој состав на Советот на општина Тетово е од локалните избори во 2017 година кога се избраа има 31 советник.  ДУИ има 9 советници, Беса 6, ВМРО ДПМНЕ 5, СДСМ и ДПА по 3  и една советничка има Демократската партија на Турците.

А.С

 

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Скопјанец се возел во Тетовско за време на полицискиот час

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.