• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Советот на Општина Тетово не дозволи јавното претријатие „Градски паркинг“ за загубите да земе кредит

Советот на општина Тетово на денешната седница не дозволи јавното претријатие „Градски паркинг“ да земе кредит за да се покријат загубите од јануари до јуни оваа година. Тие бараа кредит во висина од 6.000.000 денари, а советниците од опозициските партии потенцираа дека  ова претпријатие поради загубите и во поранешните години нема да можат да ги враќа позајмените пари.

29/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на општина Тетово на денешната седница не дозволи јавното претријатие „Градски паркинг“ да земе кредит за да се покријат загубите од јануари до јуни оваа година. Тие бараа кредит во висина од 6.000.000 денари, а советниците од опозициските партии потенцираа дека  ова претпријатие поради загубите и во поранешните години нема да можат да ги враќа позајмените пари.

Во првиот квартал од оваа година претпријатието прикажало загуба од 273.000 денари а додека во вториот квартал, во периодот на кризата со ковид-19, загубата е дури 3.137.000 денари, стои во финансискиот извештај кој го разгледуваа советниците.

-Тоа претријатие цело време работи со загуба и сега од нас бараат да им одобриме да земат кредит. Такво нешто воопшто нема смисла да одобриме и затоа бевме против оваа одлука. Ние цело време прашуваме како се направени тие загуби. Од граѓаните слушавме разни индиции за ова но сега видовме дека тие се совпаѓаат со состојбата во претпријатеито. Тие во првите три месеци, период кога уште не беше присутна пандемијата, имале загуба од околу 270.000 денари а веќе во наредното тромесечие загубата е околу 3 милиони денари. Ни велат дека во периодот на пандемијата не работеле но, секој кој се паркирал на паркинг местата плаќал“ вели Ариф Сељами, Советник од советничката група на Алијанса за Алнаците која е опозиција во Советот.

Директорот на ЈП „Градски паркинг“, не ни беше присутен на седница, што уште повеќе предизвика револт кај советниците од опозицијата кои посочија дека во минатото Општината покрила еден долг на претпријатието од 88.000 евра. И дел од советниците од мнозинските партии како и сите од опозиција гласаа против одлуката за земање кредит, што значеше дека по подолго време една одлука не е изгласана.

-После една долга дискусија не помина точката за давање согласност од страна на Советот на Општина Тетово за земање кредит на ЈП „Градски паркинг“ за решавањето на своите финансиски проблеми. Точката не помина и поради тоа што немаше доволно информации за задолжувањето бидејќи на седницата не беше присутен и директорот на претпријатието. Ние сакаме да му дадеме уште една можност на претпријатието па можно е оваа точка повторно да се најде на една од наредните седници. Како Општина во изминатиов период баравме и Владата да ни помогне во врска со овие приоблеми за кои бараме институционално да ни се помогне но, до сега немаме добиено никаков одговор“ изјави Беким Мемети, Претседавач на Советот на Општина Тетово.

На седницата беше одложена точката за советнички прашања, затоа што не беа присутни  градоначалничката Теута Арифи и раководителите на секторите.

А.С

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Завршува уредувањето на новиот конак во Лешочкиот манастир

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
83%
2.01mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!