• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Советот на Општина Тетово не ја почна денешната седница поради немање мнозинство за дневен ред

27/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денешната десетта седница на Советот на Општина Тетово беше прекината на самиот почеток при утврдување на дневниот ред. До оваа ситуација дојде бидејќи за дневниот ред гласаа 15 од 31 советник со што нема просто мнозинство за одлучување, односно 16 членови.

Претседателот на Советот, Бесар Дурмиши, инаку од Движење Беса, смета дека се прави опструкција на работата на советот затоа што не дозволил две точки кои беа предложени од ДУИ и советниците од иницијатива „Подобро за Тетово“ да бидат меѓу првите точки на дневен ред.

-Дневниот ред беше предвидено да има седум точки. Беше побарано да има расправа за реконструкцијата на улицата „Страшо Пинџур“ за која им реков дека може да биде последна, осма точка на дневен ред. За предлог точката од ДУИ за расправа за ангажирање на агенција за вработување посочив дека за такви работи ќе се дебатира кога ќе има квартален извештај за работата на општината.  Потоа тие советници ја блокираа верификација на советник од  нашата партија. Не ја разбирам нивната ситуација и мислење зошто тоа така е направено. Ќе бараме начин како да се надмине оваа криза, изјави Бесар Дурмиши.

Советниците од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) истакнаа дека со ова спречиле Советот да не носи нелегитимни одлуки.

-Не се почитуваат регулативите и законските акти на Советот, не е прв пат, секој пат бараме да се почитуваат правила, да ни доставуваат материјали, не ја ставија точка на дневен ред за нови вработувања во општинска администрација и за реконструкцијата „Страшо Пинџур“. Ова не е прв да не се почитуваат правилата. Бараме да се почитуваат прецизно правилата.  Ние не поддржавме дневниот ред, прашуваме дали со ова се избегнува транспареност за вработувањата и за реконструкција на улицата, изјави Блерим Османи, координатор на советничката група на ДУИ.

На седницата требаше да се изгласа завршната сметка на општинскиот буџет за 2021, користење на средства од резервите на Буџетот и други точки.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Двајца приведени поради напад врз вработен од Градски паркинг Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.