• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Советот на Општина Тетово со конечна одлука за суспендирање на ДУП за локација на која се предвидени десетици згради

07/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на Општина Тетово денес донесе и конечна одлука за суспензија на детален урбанистички план (ДУП) за урбан блок 57А откако за ова поведе иницијатива на последната седница во 2021 година.

Овој ДУП беше донесен во време на претходната градоначалничка, на местото на Шумарско-индустрискиот комбинат (ШИК) „Јелак“ каде се предвидени да се градат десетици згради за домување и трговски центри.  

За одлуката да се донесе суспензија на овој ДУП гласаа 16 советници, додека 12 беа воздржани,  а немаше никој против.  На гласањето му претходеше и едночасовна дебата меѓу советниците.  

Советниците од редовите на ДУИ реагираа на предлог точката на дневен ред  образложувајќи дека Министерството за транспорт и врски даде мислење во кое наведува дека нема повреда на законските одредби при усвојувањето на конкретниот урбанистички план.

-Согласно одлуката за суспензија беше донесена и одлука за отпочнување на постапка за изменување и дополнување на ДУП за урабниот блок 57А.  Сега следи ревидирање на процесот. Со оваа одлука Тетово се спасува од задушување на згради без критериуми, без паркови и зеленило, изјави градоначалникот Биљал Касами.

Советниците усвоија одлука со која ЈКП Тетово ќе може да постави 22 полуподземни контејнери на 22 критични точки во градот кои сега наликуваат на мини депонии.

 

ас

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Син ја усмртил мајка си со остар предмет во тетовско Селце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.