• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

Советот на Општина Тетово ја одржа последната седница-усвоени годишни планови за вработувања

30/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со јубилејна 50-та седница заврши мандатот на досегашниот Совет на Општина Тетово од 2017 година досега. Советот во текот на сите четири години како претседател го водеше Беким Мемети од ДУИ.

-Во текот на работата на Советот на Општина Тетово во период од 2017 до 2021 година донесени се 1790 одлуки и 149 заклучоци, а усвоено се четири буџети и шест ребаланси. Ова е последна 50-та седница, но до локалните избори ако има потреба може да биде свикана уште една, изјави претседателот Беким Мемети.

Дел од одлуките кои денес ги донесоа советниците беа годишни планови за вработувања во Општина Тетово и ЈП „Градски паркинг“.

За општина Тетово годишниот план за вработување предвидува 46 вработување во тековната година и четири пензионирања. Планирани се 23 нови вработувања во следната година. За ЈП „Градски паркинг“ предвидени се три вработувања во тековната година и едно за наредната 2022 година. Со новите вработувањата за двете години предвидено е да има вкупно 397 вработени во Општина Тетово.

-Се усвои Предлог годишен план за вработување во Општина Тетово и ЈП „Градски паркинг“ за 2022 , затоа што се знае дека последниот ден кога треба да се пратат годишните планови до Владата е 30 септември. Тоа е законски одредено и ние го изгласавме. Тука нема ништо политички сите општини ги гласале овие планови, информираше Мемети.

Советот усвои одлука со која се прифати донација на приватна компанија која ќе гради една четвртина од улица во населбата Деребој.

ас

Поврзани објави

Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Вести

Тимчо Муцунски: Поддршка за Ангел Карапетров, време е тетовчани конечно да добијат проекти и промени какви што заслужуваат 

17/08/2022
Вести

Миле Лефков: Oвие луѓе покажаа дека знаат како да се работи во интерес на Тетово, гласајте за ВМРО ДПМНЕ

17/08/2022
Следна објава

Билал Касами: Со 16 капитални проекти целосно ќе го смениме Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.