• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Советот на Тетово одобри ценовник за автобускиот превоз, но потребни се уште процедури за да профункционира

28/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На денешната 39-та седница на Советот на Општина Тетово јавното претријатие „Тетово транспорт“ доби согласност за утврдување на цените за градскиот превоз, техничко-административните процедури се уште ќе траат за да почне да функционира превозот на патници. На наредна седница треба да се усвојува планот за работа, вработувања, буџет и слично.

-Буџетот не може да се предвиди ако ценовникот не е усвоен и не е официјален. Денесе се усвои ценовникот па сега продолжуваат технички и административни процедури со законски рокови кои треба да се почитуваат па потоа треба реализација. Исто така до функционирање на ЈП со одлука на Совет Општината треба да ни ги предаде автобусите за користење па да добијат лиценца и потоа да пријдеме на оперативност, изјави Фејсал Беадини, в.д директор на претријатието.

Советниците од опозицијата имаа забелешки околу цените и зошто нема поевтини билети за социјалните случаи.

-Нашата реакција е дека студентите дека треба да бидат приоритет како и да има категорија за семејствата кои имаат не повеќе од 250/ 300 евра приходи месечно. Сега вработените в општина Тетово имаат 450 денари месечен билет, а студентите плаќаат 600. Сакавме да најдеме некој јазик заеднички, да се тргне точката, но мнозинството не прифати, рече Бесар Дурмиши од Беса.

-Имаше проблем со постојките, не гласавме тогаш, па сега ги има со цена голема несфатливо.  Мислам дека треба да се внимава со ова, не се работи професионално. Мора да се ревидира околу возен ред бидејќи нема соодветна сообраќајна инфраструктура и слично, рече советникот Ариф Селами.

В.д директорот истакна дека технички работи се уште се формулираат со општина Тетово.

-Ќе има акциски план заедно со СВР Тетово, Секторот за комунални дејности, ЈП Градски паркинг за да пред да почне функционирањето да пријдеме на едукација и контрола на терен за да кога ќе почнат да фунцкионираат да нема проблеми како што ги има градот, истакна Беадини.

Билет за едно возење во градскиот превоз ќе чини 20 денари.  Има и месечни и билети согласно категории. Основен месечен билет е 900 денари, додека за студентите и јавни службеници е 600 денари. За пензионери и лица со помал инвалидитет е 350 денари, додека 450 денари за вработени во Општината.  Бесплатен ќе биде превозот за лица со над 80 отсто инвалидитет.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Утре прво пуштање со работа на новата шестоседа жичница на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.