• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СОНК: Тетовскиот наставен кадар штрајкува, поддршка и од наставници што не се членови на синдикатот

11/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовските училишта генерално се спроведува штрајкот на наставниот кадар, а има само еден случај каде според синдикалната организација има притисок да се одржува настава.  

Зоран Грковски, претседателот на Регионалниот одбор на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) информараше дека покрај членовите штрајкуваат и наставници кои немаат синдикално членство.

– Штрајкот денес започна 100 % сме влезени сите во штрајк, сите членови на СОНК. Поддршката е огромна и од останатите кои не се членови, голема благодарност за разбирањето од надлежните институции на локалната самоуправа, до родителите. На регионот Тетово има над 1700 членови што се членови на СОНК, мал број што не се членови на СОНК и еден број имаме кои се примени како луѓе со дело на договор, изјави Грковски.

Тој вели дека има има едно училиште каде имало притисок да се одржува настава.

-Има мали исклучоци каде одредени луѓе вршат притисоци, меѓутоа тоа е многу мал број и скоро небитен. Според моите сознанија настава не се држи никаде, и ако некаде се држи настава тоа се луѓе кои држат настава под силен притисок бидејќи тие самите вработени што се таму тие се сигурно се вработени со договор на дело или друг основ, наставата во главном не се држи во целиот регион, објаснува Грковски.

Според него наставниот кадар има поддршка од родителите кои одлучиле да не ги пратат децата на училиште.

-Во утринските часови имавме многу мал број на деца во училиштат фактички родителите ја знаеја состојбата и самите родители даваат поддршка. Кога родител ќе даде поддршка значи тогаш знаеме ние тогаш што понатаму и како да го спроведеме штрајкот. Кај градинките имаме таму  една специфична работа кај што најмалите деца би требало да бидат згрижени меѓутоа и самите вработени во градинката се во штрајк. Од утре е најавено дека градинките нема да ги примаат воопшто децата во тие установи, изјави тетовскиот синдикален претставник.

Грковски информира дека за време на штрајк вработените си доаѓаат редовно на работа меѓутоа не извршуваат работни задачи, а се присутни на работното место во  посебна просторија за штрајкување.

ас 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

СВР Тетово периодов ќе има поголема контрола на мотоциклистите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.