Секторот за внатрешни работи Тетово неделава спроведе сообраќајно-контролни активности во Тетово, во рамките на кои вчера (18 јуни) биле откриени и санкционирани 6 лица кои управувале возила без положен возачки испит, 2 лица со несоодветна категорија за управување и 9 возила со истечена регистрација до и повеќе од 30 дена.
На сите прекршители им се изготвени прекршочни платни налози и ќе треба да ја платат законски предвидената глоба.
Покрај ова, како дел од континуираните активности за поголем ред и безбедност со паркирањето, посебно во централното тетовско подрачје, откриени се 11 непрописно, односно погрешно паркирани возила, на чии сопственици им се изречени соодветни санкции.
Две од возилата биле подигнати од тетовската „пајак-служба“.