• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Сојузот на борци одбележаа 77 години од загинувањето на 19 тетовски партизани во мавровското село Беличица

21/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Делегација на Сојузот на борци од Тетово и претставници на семејствата денес со положување на цвеќе одбележа 77 години од загинувањето на 19 тетовски партизани во 1944 година. Седумнаесет од нив се убиени во мавровското село Беличица, а двајца два дена подоцна на 21 септември во дворот од црквата Свети Никола.  Одбележувањето се одржа пред нивните спомен обележја во дворот од црквата. 

– По настаните во село Беличица кои се случија на 19 Септември 1944 г. се случи уште едно ѕверство од страна на фашистичките слуги на окупаторот. После невидениот масакр и палењето на селото, во борбите во селото Беличица, беа заробени и подоцна по наредба на злосторникот Џемо Хаса, пред присилно насобраните тетовчани беа стрелани тројца борци од Третиот тетовски партизански одред, Андреа Христоски – Шварц, Младен Симоски – Требош, додека Сретен Тофилоски, иако ранет со девет куршуми, не им подлегнал на повредите и бил помилуван. Настаните, кои се случиле во село Беличица, треба да нè потсетуваат и истовремено да нè опоменуваат нас, но и идните генерации на црнилата на фашизмот и страдањата кои тој ги носи, изјави Јоцко Димитриевски од Сојузот на борците.

Во мавровското село Беличица во 1944 година биле убиени и 17 жители на селото меѓу кои жени и деца.

ас

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Во Лешочкиот манастир се одбележа празникот Рождество на Пресвета Богородица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.