• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Со договор починатите од Ковид-19 ќе може да се погребуваат и во старите семејни гробови

Тоа сега е договорено да се прави од страна на претставници на лиценцираните погребални претријатија, МПЦ, Јавното комунално претријатие (ЈКП) и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи помеѓу верските заедници, кој вчера иницираше постапки и пред надлежните институции.

10/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово денес се одржа средба со цел да се овозможи погребување на починати од Ковид-19 во семејните гробници наместо досегашната куса практика тоа да биде исклучиво само во нови гробни места. Тоа сега е договорено да се прави од страна на претставници на лиценцираните погребални претријатија, МПЦ, Јавното комунално претријатие (ЈКП) и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи помеѓу верските заедници, кој вчера иницираше постапки и пред надлежните институции.

Сотировски по средбата информираше дека се усогласени ставовите и од денес на семејствата кои имаат починат од Ковид-19 ќе им биде овозможено правото на погреб во старите семејни гробници.

-ЈКП согласно својата евиденција и правилата за закоп на умрено лице кои важеле и претходно, ќе утврдат дали во постоечкиот стар гроб има услови за истото односно дали поминало доволно време од претходниот закоп и дали самото гробно место ги дозволува тие услови. Ова имајќи предвид дека адекватниот материјал во кој се изолираат посмртни останки од овој вид починати може да бидат погабаритни  од вообичаените во зависност од покојникот и од други фактори. Од денес овозможено е ова право, ги повикувам граѓаните на смиреност и воздржаност и ЈКП ќе се вложат согласно тоа што разговаравме, се надевам дека сите ќе си стојат на зборот. Да изнајдат начин во секој поединечен случај да се утврди за тоа и доколку има можност да биде извршен закопот како што се барањата на семејство, истакна Даријан Сотировски.

Според истаканатото на средбата, досегашната проценка била на операторите и на ЈКП дека е поизводливо починатите да бидат погребувани само во нови гробни места.

-Сепак мора да се почитува и тоа единственото правило да се утврди дали во семејната гробница има место и дали поминал доволен период за нов закон. Тоа не е ништо ново. На средбата дискутиравме и за проблеми кои ги имаат и операторите. Се соочуваат со една навистина тешка ситуација како и секој друг бизнис како секој до нас, рече Сотировски.

Во Тетово покрај православните гробишта во градот починатите се погребуватат и на новата локација од 2007 година во правец на селото Фалише.

А.С

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Црвен крст Тетово со помош за образовните установи во тетовско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!