• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Со пешачка тура до планинарскиот дом Љуботен на Шара беше одбележан 22 мај- Меѓународен ден на биолошката разновидност

22/05/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Меѓународниот ден на биолошката разновидност 22-ри мај денес беше одбележан со  планинарска пешачка тура до најстариот планинарски дом на Шар Планина „Љуботен“, изграден во 1931 година. 

Членовите на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово беа домаќини и водичи на групата која пешачеше од Старо село се до планинарскиот дом Љуботен во подножјето на истоимениот врв. Во групата на планинарската тура која се одржа под мотото „Ние сме дел од решението“ беа министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини како и повеќе амбасадори во Македонија со своите семејства и претставници на меѓународни организации.

-Со пешачењето до најстариот планинарски дом „Љуботен“ сакаме да ги промовираме убавините на идниот национален парк Шар Планина во Северна Македонија. Шара е делот што ни недостасува во мрежата на заштитени подрачја и таа е нашиот императив за заштита како ризница на биолошката разновидност на Балканот и Европа. Ме радува фактот што голем број дипломати денес се присутни на Шара и даваат поддршка на процесот во овие многу важни денови пред официјалното изгласување на законот во Собранието. Со овој настан уште еднаш потсетуваме дека ова наше природно богатство мораме да го заштитиме, за да го зачуваме, и да обезбедиме одржлива врска  меѓу природата, посетителите и локалните заедници што живеат на Шара, изјави Нуредини по планинарењето.

Претставниците на странските амбасади истакаа дека се среќни што имале можност да ја посетат Шар Планина и домот на ПК „Љуботен, изразувајќи задоволство што се наближува и денот кога планинскиот масив ќе биде прогласен за национален парк.

-Прогласувањето за национален парк на Шар Планина се надевам дека ќе биде на начин со кој ќе се заштити природата и оригиналноста на ова место, истакна амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која.

-Задоволство е што сум тука денес при оваа извонредна природа, недопрена убавина, која треба да се заштити. Луѓето мораат да разберат дека оваа земја е нивна, треба да ги едуцираат децата да се грижат за неа, во насока да се зачува за наредните генерации. Тоа подразбира да не се загадува. Ние навистина се грижиме за земјата за следните генерации, ова луѓето треба да да го разберат и ние сме среќни да помогнеме околу тоа.  Мило, ми е што е помогнато тука на планината со цел да се привлечат повеќе луѓе кои ќе се однесуваат соодветно и ќе ја почитуваат животната средина, исткна германската амбасадорка Анке Холштајн.

-Во време на предизвиците на нашето време поради климатски промени, деклинација на природа и уништувањето на природната разновидност,  посебно сум среќен што сум денес тука кога одбележуваме денот на биолошката разновидност на Шар Планина, извонредно место со биолошка разноликост, место кое треба да биде заштитено не само за нас  туку за иднините генерации, истакна Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ.

– Многу сум среќна што сум тука денес, да го одбележиме денот на биолошката разновидност и задоволна сум што видов колку интересен е овој регион. Љуботен врвот што е пред мене навистина е неверојатен, кога го гледаш се чувствуваш дека пешачиш по планината, се надевам дека што повеќе луѓе ќе ја користат. Мислам дека треба да го промовирате што повеќе овој дијамант што го имате во Вашата земја повеќе во иднина. Швајцарија е посветена на заштита на природната средина и помогнавме да се обнови планинарскиот дом Љуботен, горда сум што видов сега, потенцираше швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада.

-Среќен сум што сум тука да се одбележи меѓународниот ден на природната разновидност. Особено сум среќен што ова подрачје во иднина ќе биде национален парк. Во Италија имаме многу национални паркови и претставува одлична можност на тој начин да се заштити природната средина и во исто време да се обезбедaт можности за развој за многу луѓе, рече Андреа Силвестри италијански амбасадор.

-За помалку од една година сум била можеби десет пати тука на планината, сум била во планинарскиот дом Љуботен, до врвот Љуботен, до многу други различни делови на Шар Планина, за зимско планинарење, пешачење, скијање и се надевам дека сите жители на Северна Македонија ќе ја откријат оваа убавина и дека треба да го чуваме ова прекрасно место заедно. Мојата земја Шведска е многу внимателна со животната средина и се надевам дека ова ќе може да го  направиме заедно. Секако сум среќна денес што сум тука да го одбележиме Меѓународниот ден на природната разновидност, интересна можност да дадеме нагласок на важноста за животната средина, Шведска дава придонес туку преку поддршка со наша програма за развој. Денес сакам да им се заблагодарам на планинарскиот клуб Љуботен и ќе им ја предадам книгата за национални паркови во Шведска и се надевам дека Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк, изјави Кристин Форгсен Бенгстон, амбасадорка на Шведска. 

-Задоволство е на Меѓународниот ден на природна разноликост да се биде тука на Шара и да се одбележи фактот дека скоро ќе биде прогласена за национален парк за сите граѓаните. Среќна сум што во изминатата година  живеам во оваа земја и покрај пандемијата во викендите успеав да ги поминам на Шара и Бистра и да ги искористам сите можности кои се нудат тука, рече Рејчел Галовеј британска амбасадорка

Според претставничката на УНЕП, Искра Стојанова, благодарение на посветеноста и вклученоста на широк експертски тим, бројни институции, граѓанскиот сектор, локалното население, општините и секако службите на Министерството за животна средина и просторно планирање, прогласувањето на дел од Шар Планина за национален парк веќе е во последна фаза во собраниска постапка.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Чешмата кај Пршовечка Јурија можност во многу домови да има вода за пиење

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
83%
2.01mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!