• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Со приватна донација изградена натстрешница на православните гробишта кај тетовско Фалише

Настрешницата е изградена со донација на бизнисмен од Тетово. Објектот согласно православните обичаи ќе служи како место за раздавање на јадење за душа по погребот, како и место за засолнување на присутните во случај на дожд или на лето кога е топло.

24/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Изградена е натстрешница и започна уредување на новата локација за православни гробишта кај тетовско Фалише како почетни активности на новоформираниот иницијативниот одбор во насока местото да добие соодветна инфраструктура и лик. Настрешницата е изградена со донација на бизнисмен од Тетово. Објектот согласно православните обичаи ќе служи како место за раздавање на јадење за душа по погребот, како и место за засолнување на присутните во случај на дожд или на лето кога е топло.

-Иницијативниот одбор во декември лани почна со активности да се доизгради и уредат православните гробишта во Фалише. Оваа натстрешница е донација за здравје на Влатко Свртинов од Тетово кој даде придонес и со лични средства ја изгради, изјави Илија Симјановски од иницијативниот одбор.

Од јавното комунално претриатие Тетово работеа на уредување на просторот.

-Ние периодот пред Задушница го исчистивме целиот простор, двете улици и паркингот. Поставена е уште една чешма, изјави Гоце Новески од ЈКП одговорен за одделот православни гробишта.

Во наредниот период планирано е уште да се работи на инфраструктурата.

-Ќе се доуреди натстреашница со просторија за работниците, за чување на алати и слично. До 21 март планирање да продолжи поинтезивно хортикултурното уредување, да се работи на септичка јама и санитарен јазол и други работи, рече Новески.

– Ние како иницијативен одбор ќе поднесеме барање и за градење на црква и на трпезарија за верски обреди. Апелираме до сите кој сака да се приклучи ние како одбор сме отворени за соработка, рече Симјановски.

Речиси 200 луѓе се погребани на оваа локација до селото Фалише.

А.С

Тагови: натстрешницаправославни гробиштафалише

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Се пали сувата вегетација, полицијата предупредува на опасност од пожари 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!