• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Со пригодна свеченост во Тетово се одбележи доделувањето на наградата „11 Октомври“ за животно дело на тетовскиот сликар Павле Кузманоски

12/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово се одржа пригодна свеченост во чест Павле Кузмановски, единствен тетовчанец меѓу годинешните добитници на највисоката македонска државна награда „11 Октомври“ за животно остварување во областа на културата, науката, уметноста и дејностите од јавен интерес. Во просториите на ОУ „Гоце Делчев“ се одржа и културно-музичка програма со која воедно се одбележа и националниот празник 11 Октомври.

Иницијативата до Одборот за доделување на наградата ја поднесе Даријан Сотировски, тетовчанец и актуелен директор на Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи.

Во иницијативата за доделувањето на државната наградата 11 Октомври, која Сотировски ја поднесува без знаење на уметникот, образложува дека Павле Кузманоски после 82 години животен век, над 55 години врвна и плодна академска уметничка кариера, непроценливо важен уметнички опус со карактеристичен и уникатен израз кој останува како вредно македонско културно наследство заслужува да добие највисоко признание за своето животно дело во областа на уметноста од страна на својата држава.

-Делата на Кузманоски говорат дека ваквото животно признание треба да се поврзе и со славниот историски ден 11 Октомври – Денот на востанието на Македонија, бидејќи ова востание со сите свои дострели, успеси и нужни загуби е значаен мотив во неговото творештво и иницијалниот мотив за целата серија уметнички дела со меѓународна препознатливост „Сведоци“. Кузмановски е еден од ретките македонски академски сликари чии дела ја следат бурната хронологија на општествените случувања еден долг временски период, тој е посветен и активен и во својата деветта деценија, срдечен колега, космополит и пацифист, педагог и вистински културен деец, се наведува во иницијативата.

Уметникот Павле Кузманоски се обрати на свеченоста заблагодарувајќи на иницијативата.

-Знам дека дека Даријан изминативе години интензивно го следеше моето творештво. Искрено оваа награда ме извади од нормалниот колосек на живеење но од се срце благодарам на Даријан кој ја поттикна оваа иницијатива. Благордарам на сите кои реагираа на електронските медиуми и за пораките кои ги напишаа до мене. Се надевам дека со децениите години ликовно творештво го оправдувам ова признинае. Со напор и труд ова е доказ дека се постигнуваат резултат. Се што правиме е да оставиме белег за наредните генерации, истакна  Павле Кузманоски.

-Денес не собра убав и голем момент кој ретко се случува во нашиот град со највисокото признание за животно дело. Државата награда е однос помеѓу сите нас и уметникот односно неговиот град и него самиот. Тој не задолжува со непроценливото културно наследство сите нас заедно.  Ја заслужува иницијативата поради силно изразен морал, втор адут е врвното творештво, кое е веќе антологија. Трета работа е тоа што како народ сме родиле врни уметници, писатели, спортисти, а оваа награда говори токму тоа дека сме постоеле и ќе си постоиме, истакна иницијаторот Даријан Сотировски на свеченоста.

Павле Кузманоски е роден на 30 јуни, 1939 година во Тетово. Своето стручно образование Кузманоски го започнува во 1959 година во Средното уметничко училиште во Скопје, а високото образование го стекнува како редовен студент на престижната Академија за применети уметности во Белград каде дипломира со одличен успех во класата на еминентните уметници Винко Грдан, Рајко Николиќ и Аца Томашевиќ.

 

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава
крводарителна акција во СВР Тетово

Тетовските полицајци даруваа крв

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!