• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Со ребаланс на буџетот нови средства за доградба на Студентскиот дом при Универзитетот во Тетово

26/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири со посета на Универзитетот во Тетово почнува циклус на средби со раководствата на високообразовните институции со цел да ги слушне нивните потреби за во иднина како и достигнувањата во академската работа. Вакви средби ќе има прво со државните универзитети, а потоа и со останатите.

-Ваквите состаноци или средби се со една цел – да сме поблиску до институциите, во  конкретниот случај во високообразовните институции за одблиску да ги слушнеме потребите, проблемите, предизвиците, но исто така да ги слушнеме и успесите што ги имаат сите високообразовни институции. Денеска реализиравме средба со ректорот на Универзитетот во Тетово каде го почнавме разговорот во врска со состојбата со Ковид-19.  Универзитетот во Тетово во претходниот период, но и за наредниот период успешно е подготвен да се справи со оваа проблематика. Главната цел-наставата е реализирана и во претходниот период но и за наредниот период е предвидено да се реализира, реализирани неколку научни конференции според предвидените протоколи.  Можам да заклучам дека Универзитетот во Тетово е подготвен за предизвикот кој го има во наредниот период.

Министерот заедно со претставниците на ректорската управа разговарале и за делот на инфрасктруктурата. При тоа министерот истакна дека ќе се заложи да им се помогне на сите високообразовни институции со оглед дека тие имаат важна цел да го подигнат на високото образование и да подготват кадри за пазарот на трудот.

-Ми беше чест денеска министерот за образование и наука да го посети нашиот Универзитет. Во разговорот што беше во една добра атмосфера, ние разговаравме за многу проблеми што ги има Универзитетот, но не само нашиот универзитет, туку воопшто и високото образование.  Една од темите што беше во денешниот разговор беше и Студентскиот дом кој веќе е при крај, но за да биде готов за идната академска година треба уште средства. Министерот изрази подготвеноста кога ќе има ребаланс на буџетот во мај или во јуни да се предвидат средства, така што Студентскиот дом да биде готов за студентите, изјави ректорот Решат Ќахили.

Министерот Шаќири истакна дека инстотуциите секојдневно ќе бодат во комуникација околу одлуките како ќе се одвива наставата во понатамошниот дел од година во сите нивоа на образование.

 

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Во Тетово само во јануари шест тешко повредени пешаци во сообраќајки-во 2021 имало вкупно девет тешко повредени пешаци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.