• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Со реконструкција на 12 километри водоводна мрежа во тетовско Теарце се очекува да нема проблеми со неисправна вода

05/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Започна реконструкција на секундарна водоводна мрежа во тетовско Теарце, каде денес на увид на работите беше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со градоначалникот Исен Асани. Со обновата на водоводната мрежа  надлежните се надеваат дека значително ќе се намали губењето на водата за пиење.

-Направивме увид во градежните активности на водоводна мрежа која е со должина од 12 километри има добра динамика на работа и согласно роковите очекуваме овој проект целосно да биде завршен, рече министерот Сугарески.

-Со ова ќе се надмине најголемиот проблем во секундарната мрежа каде досега се губеше водата, а очекуваме да се намали и злоупотребата на водата. Таков е примерот од порано со Доброште кога се воспостави секундарна мрежа и се намалија губитоците, рече Исен Асани.

Ако се намали губењето на водата во системот нема да има потреба како летоска дополнителни количини да се земаат од реката Бистрица, велат од општината.

-Ние имаме 4000 жители по број но само 2000 се тука, а се трошат над 40 литри вода во секунда. Во иднина со 14 литри во секунда ќе бидат доволни и се ќе биде во ред. Нема да има ситуација како летово кога немаше вода и имаше суша па зедовме вода од Бистрица, по што се појави и неисправност на водата. За изворската вода ние имаме филтри и сега според параметрите е исправна за пиење, изјави Мефаил Мифтари од јавното претпријатие „Хигиена“ при општина Теарце.

За 12 километри секундарна водоводна мрежа ќе се потрошат 270 илјади евра.

Тагови: водоводна мрежатеарце

Поврзани објави

Вести

Од 21 до 3 часот полицијата открила шест возачи под дејство на алкохол

23/09/2023
Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Следна објава

Сугарески: Завршените процедури надеж дека в година во општините ќе стигне гасоводот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!