Во просториите на Територијалната противпожарна единица Тетово пригодно беше одбележан 20 мај Меѓународниот ден на пожарникарството. На гости во пожарната беа ученици од средните училишта и претставници на локалните институции кои имаа можност да присуствуваат на симулациска вежба која ја изведоа пожарникарите.
-Демонстриравме интервенција при сообраќајна несреќа и извлекување на повредени луѓе од двете возила кои учествувале. Целта беше преку овој настан да влијаеме едукативно врз учениците и да им укажеме на важноста која ја имаат пожарникарите во едно општество особено при несреќни случаи и при пожари. Гости ни беа матуранти кои сега веќе како возрасни ќе се соочат со вакви немили случки, а со оваа вежба ќе имаат информации што може да се случи и што може да се направи и превземе, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.
Додека траеше симулациската вежба тетовската пожарна прими три повици на кои вистински се интервенираше. Се гасеа пожари на отворено во селата Теново и Џепчиште, како и просторот кај поранешниот Воспитно-поправен дом на улица „Љуботенска“ во Тетово.
ас